Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски за Мицкоски: Најлошо е кога човек со лага сака да покрие друга лага

(Видео) Ковачевски за Мицкоски: Најлошо е кога човек со лага сака да покрие друга лага

Најлошо е кога човек со лага сака да покрие друга лага, а ова му е трета лага на Мицкоски, и сакам да му порачам не само што нема 61 пратеник, не само што пратениците се слободни да одлучуваат така како што сметаат туку да му порачам дека парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е денес, истакна во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

„Најлошо е кога човек со лага сака да покрие друга лага а ова му е трета лага на Мицкоски. До пред една година шеташе по собранието на државата велејќи дека има 61 пратеник за да ја сруши Владата, па потоа го видовме на клиника. Потоа пред Нова година кажа дека има 61 пратеник за да ја сруши владата, за да сега каже дека полукриминални. Јас не знам каков е тој израз бидејќи има или криминални или чесни структури“, вели Ковчевски.

Според него во СДСМ има чесни структури, сите пратеници на СДСМ се членови по функција на ЦО и нивниот глас, како што додава, вреди исто колку што вреди и на претседателот на партијата и на сите други и секој од нив го кажува своето мислење.

„А сите одлуки кои досега се носени во СДСМ се носени едногласно. СДСМ, претседателот на партијата т.е јас или кој било друг претседател претходно ниту им барал меници на пратеници, ниту им барал изјави заверени на Нотар како што тоа го бара Мицкоски. Се со цел да може да ги држи во заложништво исто како што тој е во заложништво на Апасиев. Пратениците се тука со мене, јас денес ќе одам на слава кај координаторот на пратеничката група и сакам на сите наши сограѓани кои го слават Св.Јован кои што имаат имиња, да им го честитам овој голем празник. И да му порачам на господинот Мицкоски не само што нема 61 пратеник, не само што пратениците се слободни да одлучуваат така како што сметаат согласно добиените мандати и согласно својата политичка позиција во политичката партија, туку да му порачам дека парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е денес“ рече Ковачевски.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје