Утрински Весник
Свет

Над 70 луѓе починаа во Авганистан од студ

Над 70 луѓе починаа во Авганистан од студ
Dik 300x250 mk

Повеќе од 70 Евреи починаа од студот во Авганистан во текот на оваа зима, која се смета за најстудена во земјата во последните 15 години.

dobivaj vesti na viber

Според локалните власти, смртни случаи од студ се регистрирани во осум од 34 провинции во земјата.

Најстудената зима во последните 15 години, во која температурите се спуштија до -34 степени Целзиусови, го погоди Авганистан во екот на тешка економска криза.

Повеќе од 38 милиони луѓе се соочуваат со глад, пренесуваат медиумите.

Голем број хуманитарни групи делумно ја прекинаа работата во последниве недели поради одлуката на Талибанците да им забрани на повеќето работнички на невладини организации да работат, спречувајќи ги агенциите да спроведат бројни хуманитарни проекти.

Дури и на почетокот на зимата, здравствените работници пријавија нагло зголемување на бројот на мали деца кои страдаат од сериозни случаи на пневмонија и други респираторни заболувања, делумно поради зголемената сиромаштија што ги спречи луѓето правилно да ги загреваат своите домови, пренесува Ројтерс.

Можете да прочитате

Голем скандал во австралиската војска: илјадници жени биле жртви на сексуална злоупотреба

Москва одговори на тврдењата на Литванија дека руски авиони влегле во нејзиниот воздушен простор

Индија со вештачки дожд ќе се обиде да го реши загадувањето на воздухот