Утрински Весник
Свет

Киев со закон ќе ја укине Украинската православна црква ако е поврзана со Русија

Киев со закон ќе ја укине Украинската православна црква ако е поврзана со Русија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата на Украина поднесе предлог-закон до парламентот со кој може да се укине Украинската православна црква доколку украинските власти заклучат дека е поврзана со Русија.

dobivaj vesti na viber

ТАСС наведува дека нацрт-законот е изготвен според упатствата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Владиниот претставник во Собранието Тарас Мелничук на својот профил на Телеграм напиша дека со предложениот закон се предвидуваат измени на актуелниот закон со кој се оневозможува работењето на верските организации чиј центар на управување е надвор од Украина, поточно во држава која агресира против Украина.

Во средината на декември, украинскиот претседател Зеленски му нареди на парламентот да подготви нацрт-закон за забрана на „верските организации поврзани со центри на влијание во Руската Федерација“, според ТАСС.

Можете да прочитате

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп

Нетанјаху и Трамп му дадоа рок на Хамас за разоружување

Несреќа со жичарница во Италија