Утрински Весник
Свет

Петер Стано: Косово да се воздржи од акции против сопствениците на автомобили со таблички КМ

Петер Стано: Косово да се воздржи од акции против сопствениците на автомобили со таблички КМ

Косово треба да се воздржи од дејствија против сопствениците на автомобили со таблички КМ и да го почитува статус квото, додека проблемот не се реши во рамките на дијалогот на траен начин, изјави денеска портпаролот за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано.

dobivaj vesti na viber

Стано на прес-конференција во Европската комисија одговори на прашање за изјавата на министерот за внатрешни работи на таканареченото Косово, кој ја обвини Србија за издавање или обновување на регистарските таблички на КМ.

Стано рече дека ЕУ ја забележала „српската одлука од 6 декември минатата година дека налепниците за табличките КМ нема да се обновуваат, а обновувањето на осигурувањето и техничкиот преглед се однесува на автомобилот, а не на табличките и затоа, не може да се брои како обновување на плочата“,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Германија планира брзо проширување на бункерите поради страв од руски напад

Трамп го предупреди Маск: Финансирањето на демократи ќе има сериозни последици

Во Британија оваа пролет е најтолпа и најсушна во последните 50 години