Утрински Весник
Свет

Канада и донира 200 оклопни транспортери на Украина

Канада и донира 200 оклопни транспортери на Украина

Канада денеска објави дека на Украина ќе и донира 200 оклопни транспортери. Одлуката ја соопшти канадската министерка за одбрана, Анита Ананд за време на нејзината денешна посета на Киев.

dobivaj vesti na viber

„Среќна сум што можам да го потврдам новиот пакет воена помош за Украина“, рече Ананд во друштво на нејзиниот украински колега Олексеј Резников.

„Тоа се најсовремени возила, опремени со најдобра технологија. На нив може да се монтира и оружје и тие овозможуваат безбеден транспорт на персонал и опрема“, рече Ананд.
Канадската донација од 200 оклопни транспортери ја поздрави и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Нашите пријатели продолжуваат да не поддржуваат дури и на овој тежок ден за Украина. Му благодариме на канадскиот премиер Џастин Трудо за новиот пакет воена помош, кој го најави Анита Ананд во Киев. Денес на украинската армија и се потребни 200 оклопни транспортери повеќе од кога било. Заедно посегнуваме по победата!“, објави Зеленски на Твитер.

Можете да прочитате

Маж со автомобил удри во група луѓе во Пасау, Германија

Анкета: Се зголемува поддршката за демохристијаните, се намалува за Алтернатива за Германија

Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери