Утрински Весник
Спорт

„Фенерџијата“ Кремонезе го елиминираше Наполи!

„Фенерџијата“ Кремонезе го елиминираше Наполи!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Последнопласираниот тим во Серија А, Кремонезе, успеа да направи вистински подвиг и да го елиминира лидерот Наполи во осминафиналето на Купот на Италија, триумфирајќи на пенали на силниот дожд на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, со Елиф Елмас како стартер (и капитен).

dobivaj vesti na viber

Кремонезе, кои имаат катастрофална сезона во Серија А, каде што се последни и се единствени без победа оваа сезона, неочекувано дојдоа во водство на „Диего Армандо Марадона“ со голот на Шарл Пикел во 18. минута од мечот. Тимот на Лучано Спалети се „созеде“ и израмни преку Жуан Жесус во 33. минута, за само три минути подоцна Џовани Симеоне да го комплетира пресвртот за 2:1 водство.

Но, Феликс Афена-Гијан успеа да постигне гол во 87. минута за да примора продолженија, во кои Кремонезе остана со играч помалку по црвениот картон на Леонардо Серникола, но издржа за да се дојде до пенали. Словакот Станислав Лоботка беше трагичарот на Наполи откако утна пенал, за Кремонезе да победи со 5:4.

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028