Утрински Весник
Македонија

Релативно топло време со повремени врнежи, викендов заладување и снег

Релативно топло време со повремени врнежи, викендов заладување и снег

Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови. Снег ќе врне само на највисоките планински врвови.

dobivaj vesti na viber

Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 70 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 15 степени.

Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите на повеќе места ќе бидат обилни и до сабота се очекува да наврнат над 50 л/м2. Во четврток локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. До четврток ќе дува засилен, а повремено силен ветер (над 70 км/час) од јужен правец што ќе услови топло време за овој период од годината.

Во петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала се очекува и во некои пониски места.

Можете да прочитате

Мечка шета низ Битола, Коњановски уверува: Надлежните се веќе на терен

Андоновски откри дека Македонија била мета на сериозен сајбер-напад врз владините системи

„Беше неочекувано, нè евакуираа на безбедно“: Андоновски откри детали за драмата на аеродромот во Вилнус