Утрински Весник
Свет

Првата дама на Украина денеска на форумот во Давос, Зеленски се обраќа утре

Првата дама на Украина денеска на форумот во Давос, Зеленски се обраќа утре

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, денеска ќе зборува на 53. Светски економски форум во швајцарскиот град Давос, обидувајќи се да добие поголема помош и поддршка за својата земја во војната против Русија, пренесува АП.

dobivaj vesti na viber

Говорот на Зеленска доаѓа откако таа во неделата изјави за Си-Ен-Ен дека и покрај руските ракетни напади кои беа насочени кон витална енергетска инфраструктура и цивилни области во последните месеци, Украинците сфатија дека ако успеат да „издржат една година, тие се способни да траат уште подолго“.

Дипломатскиот притисок на Украина на високо ниво во Давос е можност да се вклучи и засили меѓународната поддршка што ја бара Киев, со оружје како тенкови и противракетна одбрана, и да продолжи со изолација и притисок врз руската економија.

Зеленска, која е дел од украинската делегација во Давос, во која се министерот за дигитална трансформација Михаил Федоров и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, претходно побара од американскиот Конгрес повеќе системи за воздушна одбрана за време на посетата на Вашингтон во јули, кога се состана во Белата куќа, со првата дама на САД, Џил Бајден.

Претседателот на Украина, откако лично го посети Вашингтон за да ја зајакне поддршката за Украина во неговото прво познато патување во странство од почетокот на војната, утре ќе се обрати на Светскиот економски форум преку видео врска.

На средбата ќе учествуваат претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, главниот американски преговарач за климатски прашања Џон Кери, претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард, директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева, како и бројни други политички и економски лидери.

Можете да прочитате

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале

Во април благ пораст на светските цени на месото, растителните масла и житарките

И шпанските студенти подготвуваат протести против Израел