Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Зоран Глигоров од позицијата генсек на Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Зоран Глигоров од позицијата генсек на Град Скопје

„Оставка од Глигоров од позицијата генсек на Град Скопје, до кога СДС и Арсовска ќе штитат семејно насилство?! Арсовска со денови молчи за насилството на нејзиниот генсек врз вработени во Град Скопје, иако како жена политичар треба да биде прва против насилството, а особено против семејното насилство, за што во минатото Глигоров исто така бил пријавуван“ соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата велат „доколку Арсовска не знаела дека нејзиниот втор човек е насилник, сега знае, и нема оправдување да не го разреши. Недозволиво е човек со склоност кон насилство да биде втор човек во институција како Град Скопје“.

„Дали Глигоров има карактерна особина за насилничко однесување кон жени и поддредени во службата, не навлегуваме, тоа е проблем кој доколку се детектира треба да се третира од соодветни установи, но не може таква личност да биде на раководна позиција. Што да очекуваат граѓаните кои треба да чекаат услуга од генсекот Глигоров? Нема место за насилството во 21 век, ниту во институциите, ниту во општеството. Ги повикуваме СДС и Арсовска да го прекинат молкот и да го разрешат Глигоров“ стои во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца

Петровска: Тој што сакаше да посредува за хеликоптерите сега е советник на Мисајловски, ништо чудно да комуницира и со Филипче

Четворица повредени во сообраќајка во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал