Едно лице од Белград е повредено со нож во инцидент што се случил во хотел во сараевската населба Илиџа.
Како што пренесува Клик, повикувајќи се на учесниците на настанот, нападнати биле група родители на млади фудбалери на ФК Звездара од Белград, кои учествуваат на меѓународен турнир.
Според порталот Сараево, група луѓе влегле во хотелот во кој се наоѓале децата и нивните родители и со солзавец ги нападнале родителите на фудбалерите и се обиделе да им го украдат знамето. Родителите ги следеле, но надвор ги пресретнала уште поголема група луѓе кои биле маскирани и имале факели и ножеви.
Потоа повторно биле нападнати родителите, а еден од нив бил повреден со нож.
Од Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево за Клик потврдија дека се случил инцидент, но без да наведат детали.
„ Полицијата е известена дека на подрачјето на Илиџа има нарушување на јавниот ред и мир и дека едно лице е повредено со остар предмет и е пренесено за лекарска помош. Неговиот живот не е во опасност“, изјави портпаролот на МУП КС Мирза Хаџиабдиќ.
Според него, полицијата работи на расветлување на сите околности поврзани со овој настан.
Како што пренесуваат медиумите, шокантната снимка за која се тврди дека е направена утрово во Сараево за време на меѓународниот фудбалски турнир за момчиња „Шампион Јуниор Куп“, а на која може да се види група момчиња како скандираат „Убиј го Србинот“ , беше причина за низа инциденти насочени против српските деца, но и возрасните кои ги придружуваа.
I neko odluči da na ovakvom turniru napadne Srbe…. Strašno! pic.twitter.com/cfRu9fp02x
— Sportcomm (@Sportcomm2) January 14, 2023
Како што може да се види на видеото, овој срамен момент се случил во текот на играта. Момчиња во темни дресови, најверојатно од клуб од Босна и Херцеговина, се прегрнале додека стоеле покрај теренот и почнале да скокаат и да скандираат „Убиј го Србинот“.