Утрински Весник
Македонија

Наутро магливо, преку ден сончево со температури до 12 степени

Утрово магливо и облачно, попладне на некои места дожд

Утрово некаде во котлините ќе има појава на магла. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје наутро магливо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Следува период на променливо облачно време, утре и во понеделник со услови за појава на утринска магла по котлините. Утре преку денот ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер, температурите ќе бидат во пораст и ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, само на планините ќе бидат од снег..

Можете да прочитате

Македонија под топлотен бран температури до 40 степени

Мајка од Струга ги оставила децата да спијат во автомобил на паркинг

Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја