Далас Маверикс гo совладаа тимот на Лејкерс во Лос Анџелес по две продолженија со 115:119. Очекувано, херој на победата на составот од Тексас беше словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ. Запиша трипл-дабл, но многу поважно е што и двете продолженија на својот тим ги обезбеди со тројки од тешки позиции.
Далас со овој триумф ја прекина серијата од два порази. Од друга страна, ова е втор последовен неуспех за ЛА Лејкерс.
На крајот од четвртиот период, Дончиќ погоди тројка за израмнување со чекор назад на шест секунди до крајот. Трој Браун Јуниор од друга страна не беше прецизен за победа.
Во дополнителните пет минути Лејкерс повторно имаа три поени предност во последната минута, но 23-годишниот Дончиќ ја анулира со уште една одлична тројка.
Потоа Леброн Џејмс беше непрецизен за три поени, а во последната секунда „кралот“ се обиде да постигне поени и со влез под кошот, но остана 108:108.
Во првото продолжение за малку ќе се случеше инцидент по еден дуел помеѓу Дончиќ и Вестбрук, но судиите и другите кошаркари веднаш интервенираа и немаше немили сцени.
Дончиќ очекувано беше најефикасен играч на Далас. Словенецот за речиси 53 минути на паркетот забележа 35 поени, 14 скока, 13 асистенции, а имаше една украдена топка и блокада и пет загубени топки. Го следеше центарот Кристијан Вуд со 24 поени, 14 скока и 6 асистенции, а Тим Хардавеј Џуниор постигна 22 поени. Спенсер Динвиди постигна 17 поени.
Кај ЛА Лејкерс најефикасен беше Расел Вестбрук со 28 поени, седум скока и пет асистенции. Леброн Џејмс имаше 24 поени во поразениот табор, но со некарактеристично лош шут од поле – 9/28.
38-годишниот Џејмс за 46 минути игра имаше и 16 скока и девет асистенции.
На останатите НБА натпревари од минатата ноќ беа забележани следниве резултати: Филаделфија – Оклахома Сити 114:133, Бруклин – Бостон 98:109; Мајами – Милвоки 108:102, Торонто – Шарлот 124:114, ЛА Лејкерс – Далас 115:119, Портланд – Кливленд 113:119.