Утрински Весник
Свет

Венс: Трамп и понатаму преферира дипломатско решение со Иран

Vens.webp.webp

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс за „Фокс њуз“ изјави дека претседателот Доналд Трамп и понатаму преферира дипломатско решение со Иран.

Тој додаде дека Трамп се надева дека Иранците сериозно ќе ги сфатат утрешните преговори.


– Претседателот беше кристално јасен, колку што можеше да биде, дека Иран не може да има нуклеарно оружје … Ќе се обиде тоа да го постигне по дипломатски пат – посочи Венс.

Утре во Женева ќе се одржи нова рунда американско-ирански преговори за нуклеарната програма на Техеран, соопшти Министерството за надворешни работи на Оман.

Претходната рунда разговори, исто така беше одржана во Женева, на 17 февруари, со посредство на Оман.

Трамп повеќе пати предупреди дека ќе употреби воена сила, ако не се изнајде решение по дипломатски пат. 

Можете да прочитате

Трамп на вечерата со дописниците од Белата куќа: „Кога ќе заминам, сите ќе банкротирате“

Брод со 11 европски туристи исчезна кај индонезискиот остров Сулавеси

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евекуирани над 220 илјади луѓе