Утрински Весник
Магазин

Брус Вилис ја избриша Деми Мур од тестаментот

Брус Вилис ја избриша Деми Мур од тестаментот

Холивудската ѕвезда Брус Вилис одлучи да го измени тестаментот и да ја исклучи од наследство поранешната сопруга Деми Мур.

dobivaj vesti na viber

Причината, според изворот што ја пренесе оваа информација, е богатството на Мур, проценето на повеќе од 200 милиони долари, што е доволно да им помогнe на нивните деца во случај да имаат парични проблеми.

Пред извесно време Вилис најави повлекување откако му беше дијагностицирана афазија, болест поврзана со оштетување на мозокот. Ова, меѓу другото, влијае и на секојдневниот живот со тоа што ги попречува неговите комуникациски вештини и способност за говор.

Разбирливо, болеста влијаела и на неговата способност да работи како актер, а тоа е еден од факторите зад неговото пензионирање. Ова го натера да посвети повеќе време на своите најблиски, меѓу другото, бидејќи сега има повеќе слободно време.

Тој го помина овој Божиќ опкружен со семејство, вклучувајќи ја и неговата поранешна сопруга Деми Мур, и Ема Хеминг, неговата сегашна сопруга. Актерот одлучи да го помине Божиќ со двете, заедно, и со сите свои деца.

Делумно поради ова, големо внимание привлече ексклузивата што ја објави „Радар онлајн“, дека Вилис го изменил тестаментот за да ја изостави Мур. Мајката на три негови деца повеќе нема да биде вклучена иако според последните случувања се чини дека нивниот однос е добар.

Според истиот портал, ваквиот потег има сосема логично оправдување. Сопственото големо богатство на Деми Мур е повеќе од доволно за да ги обезбеди трите заеднички ќерки: Румер (34), Скаут (31) и Талула (28).

Најголем дел од богатството на Вилис ќе оди кај неговата сегашна сопруга и нивните две мали ќерки, десетгодишната Мејбел и осумгодишната Евелин.

„Брус сакаше да се увери дека неговото младо семејство е згрижено,“ изјави инсајдер за „Радар онлан“.

„Тој верува дека Румер, Скаут и Талула во текот на нивниот живот го добиле најдоброто од она што тој имал да го понуди финансиски.“

Оваа одлука на поранешниот актер не се очекува да влијае на неговиот однос со Мур.

Тестаментот на Брус всушност беше преработен пред неколку години откако се ожени со Ема во 2009 година, беше изменет по раѓањето на децата, а потоа повторно кога беше јасно дека здравјето на Брус е нарушено.

Можете да прочитате

Фамилијата на Шумахер во финансиска криза

Возачите во В. Британија купуваат регистарски таблички кои не ги регистрираат камерите !

Оркестарот Џамбо Агушеви имаше настап за паметење и прераскажување во Тирана