Иако Ријана и Aсап Роки решија да го прескокнат црвениот тепих на „Златните глобуси“, тие сепак беа несомнено најдобро облечената двојка.
Тие седеа заедно на нивната маса во текот на наградната церемонија. Ријана, која беше во конкуренција за најдобра оригинална песна – Lift me Up од „Црниот пантер“, и нејзиниот партнер – двајцата облечени во црно.
Таблоидите коментираат дека на нив класичната формула не изгледа нималку досадно. Токму спротивното, оваа формула изгледа неверојатно свежо и актуелно кога ќе ја применат Ријана и Роки.
Свечената облека на Ријана вклучува приспособена креација од модната куќа „Скијапарели“ со потпис на Даниел Роузбери.
Кадифениот црн фустан без прерамки е нагласен со предимензиониран детаљ – наметка со широк шлеп. Суптилниот колорит – иако во екстремна силуета – овозможи заслепувачките обетки од „Картие“ и чокерот од 18-каратно бело злато и дијаманти да бидат во центарот на вниманието.
Роки, пак, носи традиционален црн смокинг со сатенски ревери, дополнет со бела кошула и тенка црна вратоврска.