На неколку дена пред почетокот на Австралија опен пристигна вест која може да ги загрижи сите фанови на Новак Ѓоковиќ.
Најдобриот српски тенисер по 36 минути мораше да го напушти тренинг мечот против Данил Медведев откако побара лекарска помош поради проблем со коленото на левата нога.
Ѓоковиќ требаше да одигра меч во траење од 75 минути, но тој беше прекинат поради тешкотии при движење, пишуваат медиумите во Австралија.
Во моментот на првата лекарска пауза беше 3:2 за Новак, а при прекинот Србинот водеше со резултат 5:4 во гемови.
Според планот, Ѓоковиќ треба да одигра егзибиција против Ник Кирјос пред почетокот на Австралија опен, кој е закажан за 16 јануари.