Утрински Весник
Македонија

Сончево со мала облачност, а во Скопје магловито

Студено утро со магла, попладне сончево со мала облачност
Dik 300x250 mk

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку денот краткотрајно ќе се намалат. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје со појава на магла или ниска облачност, која преку денот делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 4 степени.

До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Утре ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат. Во понеделник претпладне се уште ќе има појава на магла, а во попладневните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.

Можете да прочитате

Висок број неважечки ливчиња во вториот круг: Во Скопје секое 16-то ливче било неважечко

Пијан крушевчанец со возилото удрил во паркиран автомобил и избегал, полицијата го приведе

ВЛЕН: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!