Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Османи: Низ дебатите да разграничиме, каде почнува партискиот, а каде завршува интересот на државата

Османи: Низ дебатите да разграничиме, каде почнува партискиот, а каде завршува интересот на државата
300x250 opst2

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе иницира широка дебата за уставните измени за кои смета дека не треба да се губи многу време да бидат комплетирани. Државата, според него не смее да си дозволи да го дочека ноември без изменет Устав.

dobivaj vesti na viber

„Мојот страв ако ноември не фати без завршени уставни измени е дека ќе прекинат преговорите, ќе го изгубиме моментот, а губењето на моментот е една од најлошите работи што може да ви се случи на европскиот пат и се плашам дека, се надевам дека нема да се злоупотреби, дека ќе влеземе во некое си црногорско сценарио, кое е многу тешко после да се врати со сите импликации внатре и надвор врз имиџот на државата“, вели министерот Османи.

Сите досегашни консултации во однос на измените Османи вели дека биле неформални и токму затоа ги нарекол „консултации низ ходници“, па затоа време е да се почне со формален сет консултации низ јавни дебати.

„Сметам дека е важно да направиме разграничување меѓу суштината на проблемот, а тоа е дали уставните измени се проблематични и партиско политичкиот интерес околу уставните измени. Засега тие се измешани и не може да се прави разграничување каде е интересот на државата, а каде е партискиот интерес и тоа ги буни луѓето. Тие не знаат дали ставот на некој политичар е поради тоа што сака избори и сака да биде на власт или заради тоа што уставните измени се ризични по државата и по народот. Луѓето кои не се експерти се збунети. Важно е да направиме разграничување каде почнува партискиот интерес, каде завршува интересот на државата. Таа јавна дебата ќе го искристализира тој аспект“, објасни Османи.

Тој е убеден дека дебатите ќе покажат дека уставните измени не се спорни, ниту пак се закана за државата по ниту еден услов туку дека ќе ја направат државата посилна и со подобар имиџ во светот.

Можете да прочитате

Син на полициски командир во Тетово претепал човек, жртвата со тешки повреди пренесена во Скопје

Филипче: СДСМ бараше минимална плата од 500 евра, но Мицкоски не прифати

Реакција на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески!