Утрински Весник
Магазин

Забава на сонце: Ди Каприо ја почна новата година на јахта

Забава на сонце: Ди Каприо ја почна новата година на јахта

Леонардо ди Каприо продолжи да се забавува на брегот на Сент Бартс во понеделникот по празничниот викенд.

dobivaj vesti na viber

Оскаровецот (48) е уловен на луксузна јахта во друштво на неколку девојки во бикини.

Фотографии од забавата на сонце се најдоа на насловните страници на таблоидите со коментар дека тој е среде романса со Викторија Ламас, која не беше забележана на јахтата.

На Ди Каприо му се придружија неколку убавици, меѓу кои и Медисон Хедрик, свршеницата на Џо Нахмад.

Таму беше и неговиот близок пријател Тоби Мегваер.

Таблоидите потсетуваат дека од неодамна Ди Каприо е во врска со ќерката на актерот Лоренцо Ламас, Викторија Ламас (23).

Можете да прочитате

Викенд што долго ќе се прераскажува: Повеќе од 60 жени беа дел од настанот „dm bring your best friend” во Маврово

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски

Награда од 13.000 евра за победникот на натпревар во спиење во Јапонија