Утрински Весник
Спорт

Донован Мичел со патиките на Коби Брајант го повтори неговото чудо од 2006 година

Донован Мичел со патиките на Коби Брајант го повтори неговото чудо од 2006 година
Dik 300x250 mk

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс во феноменален натпревар по продолжение го совладаа Чикаго Булс со 145:134, а незаборавна партија одигра домашниот играч Донован Мичел.

dobivaj vesti na viber

Одличниот бек на Кавалирс постигна неверојатни 71 поен, го одведе натпреварот во продолжение и стана првиот играч по легендарниот Коби Брајант кој постигнал над 70 поени на натпревар во НБА. Интересно, тој ги носи патиките на Коби Брајант.

Ваков натпревар во најсилната лига на светот чекаме 17 години, поточно од 22 јануари 2006 година кога Коби го „затрпа“ кошот на Торонто.

Пред Мичел, само уште шестмина направиле ваков подвиг, Вилт Чембрлен, Коби Брајант, Дејвид Томпсон, Елџин Бејлор, Дејвид Робинсон и Девин Букер.

Покрај 71 поен, Мичел имаше 11 асистенции и осум скока. Погоди 22/34 од поле, 7/15 за три поени, додека од линијата за слободни фрлања постигна 20 поени од 25 обиди.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата