Утрински Весник
Свет

Ердоган по средбата со Ѓукановиќ во Истанбул: Турските инвестиции во Црна Гора надминаа 67 милиони долари

Ердоган по средбата со Ѓукановиќ во Истанбул: Турските инвестиции во Црна Гора надминаа 67 милиони долари

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека ги поддржува брзите чекори на Црна Гора кон интеграција во Европската унија (ЕУ) и евроатлантските институции.

dobivaj vesti na viber

Пријателството меѓу Турција и Црна Гора трае со векови, истакна Ердоган во обраќањето во Истанбул на заедничката прес-конференција со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој е во работна посета на Анкара.

Ердоган истакна дека бошњачката и албанската заедница и повеќе од 150 илјади граѓани со црногорско потекло во Турција претставуваат исклучителен мост на пријателство и братство меѓу двете земји.

Тој рече и дека односите меѓу Турција и Црна Гора се на највисоко ниво, кои, како што посочи, споделуваат заедничка историја и култура.

Турскиот претседател рече дека при минатогодишната посета на Црна Гора поставиле за цел да ја зголемат трговската размена на 250 милиони долари.

– Податоците во првите 11 месеци од годинава се зголемени за 49 отсто во однос на истиот период лани. Вкупните турски инвестиции во Црна Гора надминаа 67 милиони долари. Бројот на турски компании кои инвестираат во Црна Гора во моментов е 3.800. Турските компании имаат важни проекти, особено во областа на инфраструктурата, градежништвото, туризмот и услужниот сектор. Убеден сум дека нашиот приватен сектор ќе продолжи со успешни иницијативи во Црна Гора како и на целиот Балкан – нагласи Ердоган.

Тој истакна дека Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) спроведува бројни активности во областа на реставрацијата, образованието и здравството во Црна Гора, а Институтот „Јунус Емре“ работи во областа на уметноста и културата.

– До денеска ТИКА има реализирано повеќе од 400 проекти и активности во Црна Гора со вкупна вредност од над 20 милиони евра – рече турскиот претседател.

Можете да прочитате

Ким Џонг-ун се сретна со Шојгу во Пјонгјанг

Иранските државни медиуми објавија видео од рака како гали нуклеарна бомба

Цените на нафтата близу петмесечниот максимум поради тензиите на Блискиот Исток