Утрински Весник
Свет

Болеста од која почина Пеле е најтешка за откривање, почнува без симптоми

Болеста од која почина Пеле е најтешка за откривање, почнува без симптоми

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле почина на 83-годишна возраст по долга борба со ракот на дебелото црево, еден од најсмртоносните видови на рак.

dobivaj vesti na viber

Пеле трипати беше светски првак со бразилската репрезентација, што на ниту еден играч не му успеало, а генерално важи за еден од најголемите фудбалери.

За жал, тој не успеа да го победи ракот, па токму затоа неговата смрт не потсетува на важноста од рано откривање на оваа малигна болест, бидејќи може да спаси живот.

Станува збор за вид на рак кој започнува во дебелото црево, односно последниот дел од дигестивниот тракт.

Оваа малигна болест често нема симптоми, а ако некој ги има, можеби не е сигурен дали промените во телото се знак за рак.

Овие може да бидат предупредувачки знаци за рак на дебелото црево:

Крв во столицата
Проблеми со столицата
Стомачна болка
Надуеност
Необјаснето губење на тежината
Повраќање
Анемија

Ова се фактори на ризик за рак на дебелото црево:

Пушењето
Прекумерно консумирање алкохол
Дебелината
Многу црвено и преработено месо
Недостаток на физичка активност

Можете да прочитате

Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

Судир на два танкера во Ормускиот теснец: Оган и чад се гледаат на километри оддалеченост

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија