Утрински Весник
Свет

Најмалку петмина загинати, тројца во тешка состојба во пожар по судир на автопат во Јужна Кореја

Најмалку петмина загинати, тројца во тешка состојба во пожар по судир на автопат во Јужна Кореја

Пет лица загинаа, а 37 се повредени во голем пожар што избувна денеска на автопат во Јужна Кореја, соопштија од итните служби на земјата.

dobivaj vesti na viber

Националната противпожарна агенција соопшти дека тројца од повредените се во тешка состојба, а 34 лица се полесно повредени, пренесува АП.

Медиумите јавуваат дека пожарот избувнал кога се судриле автобус и камион.

Официјален претставник на јужнокорејската национална противпожарна агенција на местото на настанот изјави дека причината сè уште е под истрага и пожарот е изгаснат.

Можете да прочитате

Зеленски разговараше со Трамп за војната во Украина и му го честиташе 80-тиот роденден

Путин и Трамп остварија телефонски разговор по повод 80-тиот роденден на американскиот претседател

Полска е најстресна дестинација за возење во Европа