Утрински Весник
Свет

Ограничувања за влез за патници од Кина поради коронавирус

Ограничувања за влез за патници од Кина поради коронавирус

Неколку земји воведоа ограничувања за патниците од Кина поради порастот на случаите на коронавирус во земјата, откако Пекинг ги олесни строгите мерки и ја напушти својата политика на „нулта толеранција Ковид-19“.

dobivaj vesti na viber

Во објаснувањето за причините за воведувањето на ограничувањата се „недостигот на информации од Кина за варијантите на вирусот, бројот на заболени, како и степенот на епидемијата“, пренесува Ројтерс.

САД ќе воведат задолжителни тестови за ковид за сите патници кои пристигнуваат од Кина почнувајќи од 5. јануари.

На сите патници со авион над две години ќе им треба негативен резултат од тестот не постар од два дена пред поаѓањето од Кина, Хонг Конг или Макао.

Индија воведува негативни сертификати за ковид за патници кои доаѓаат од Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Хонг Конг и Тајланд.

Патниците од тие земји ќе мора да поминат време во карантин доколку имаат симптоми на инфекција со ковид или ако се утврди дека се позитивни.

Јапонија воведува негативни сертификати за ковид за патници кои доаѓаат од Кина. Оние кои ќе бидат позитивни ќе бидат ставени во карантин седум дена.

Централниот команден центар за епидемија на Тајван соопшти дека сите патници кои пристигнуваат со директни летови од Кина, како и со чамци до двата крајбрежни острови, ќе треба да поминат PCR тестови по пристигнувањето.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен