Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Хаосот во Скопје е одговорност на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Арсовска и Левица

СДСМ: Хаосот во Скопје е одговорност на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Арсовска и Левица

„Една година Град Скопје тоне во безидејност, без ниту еден нов проект, без каков било план за развој. Дури и основните услуги на градот не функционираат, јавниот превоз е во колапс а катастрофална е состојбата и во другите јавни градски претпријатија“ соопштуваат од владејачката СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Оттаму посочуваат дека „хаосот што му се случува на Скопје е одговорност на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Данела Арсовска и Левица која се потврди со гласањето на Буџетот на Град Скопје за 2023 година“.

„И градоначалничката и претседателот но и мнозинството во Советот, како и мнозинството во управните одбори на јавните градски претпријатија се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и затоа оваа партија е најодговорна за катастрофата во главниот град. Една година градска власт е една година стагнација на Скопје“ се вели во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Борис Стефановски го фати крстот во црквата „Свети Никола“ во Куманово

Претседателот Филипче го честиташе големиот празник Богојавление – Водици

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје