Утрински Весник
Свет

Прв случај на инфекција со амеба што го јаде мозокот

Прв случај на инфекција со амеба што го јаде мозокот

Јужнокорејските власти го потврдија првиот случај на инфекција со амебата naegleria fowleri – позната и како амеба што го јаде мозокот.

dobivaj vesti na viber

Оваа амеба живее во почва и во топла вода и продира во човечкиот мозок преку носот, соопшти Корејската агенција за контрола и превенција на болестите.

Инфекцијата е потврдена кај починат пациент со церебрален менингитис, кој неодамна се вратил од странство, објави Корејската агенција за контрола и превенција на болестите на „Твитер“.

Пациентот бил на Тајланд четири месеци пред да се врати во Јужна Кореја, каде што починал по доживена главоболка, треска, повраќање, нејасен говор и други симптоми.

Главниот пат на инфекција со оваа амеба во повеќето случаи е човечки контакт со загадена вода.

Оваа опасна амеба може да предизвика ретка мозочна инфекција наречена примарен амебен менингоенцефалитис и обично е фатална, објави „Спутник“.

Можете да прочитате

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците

Францускиот претседател со децидна порака од Давос: Европа нема да дозволи да биде потчинета