Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот Муцунски ги посети децата од центарот за рана интервенција и стимулација „Тимот А“

Градоначалникот Муцунски ги посети децата од центарот за рана интервенција и стимулација „Тимот А“

Градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на Советот Дејан Митески, денеска го посетија Центарот за рана интервенција и стимулација на деца и возрасни – Тимот А, а на дечињата кои го посетуваат им поделија новогодишни подароци.

dobivaj vesti na viber

Во пресрет на празниците кои следуваат, заедно со дечињата тие посакаа среќна 2023 година во која сите ќе се радуваме и ќе слушаме убави работи.

„Создавање подобро секојдневие за децата е обврска на сите, вклучително и на нас кои креираме и спроведуваме политики за најмладите. Јас како градоначалник и во иднина ќе се залагам општината да ги поддржува проектите, иницијативите и активностите кои се насочени кон правилен раст и развој на сите деца“, напиша градоначалникот Муцунски во својата фејсбук објава.

Подеднаквата грижа за сите граѓани е приоритет во нашето функционирање. Овие подароци ќе стигнат и до децата во останатите здруженија, центри и организации кои работат на територијата на Општина Аеродром. Во наредните денови, општината организира и хуманитарни настани на кои ќе се собираат средства и подароци за поддршка на ранливите категории граѓани.

Благодарност до Ватростална ДОО Скопје и детската градинка „Буба Мара“ кои ги обезбедија пакетчињата.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија

Работна средба за изготвување на Стратегијата за човечки ресурси на Јавното обвинителство 2026-2028

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија