Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: И УЈП утврди дека Арсовска им должи на приватните превозници

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Арсовска и Ковачевски наместо пари за превозниците договарале провизија од набавката на нафта за ЈСП?

И УЈП утврди дека Арсовска сепак должи на приватните превозници, Тачела коалицијата се служи со лаги, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Според информации и документи објавени од медиумите, по потекло од УЈП се гледа дека Арсовска должи вкупно 1.5 милиони евра на приватните превозници, онолку колку што истите и бараат. Арсовска е фатена на дело, а Ковачевски ја има потврдата која ја бараше во однос на долгот. Сега да не се препукуваат и да се договорат кој ќе го плати долгот, исто како што се договараат за матните зделки.

Документите од УЈП потврдуваат заради кого Скопје беше блокирано со денови. Ковачевски и Арсовска се главни виновници за блокадите на Скопје, но и за тоа што нема доволно автобуси. Директорот на ЈСП е кадар на СДС, и тој е директно одговорен за долгот кон приватните превозници. Александар Стојковски, директор на ЈСП е кадар на СДС назначен од Арсовска, тој е плод на коалицијата Тачела.

Бараме СДС и Арсовска да се извинат и да го исплатат долгот кон приватните превозници“ велат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема