Интернет-базата за филмови (Internet Movie Database IMDb) ја објави листата со десетте најдобри божиќни филмови на сите времиња. Резултатите се засновани на реалните месечни прегледи на страницата на оваа интернет платформа.
Иако „Сам дома“ важи за ултимативен фаворит за многумина, очигледно, секој има свој вкус. Можеби многумина ќе бидат изненадени, но омилениот празничен филм со малиот Кевин, не е на прво место.
Најголем број прегледи, а и најдобри рецензии има филм од 1946 година, „Животот е прекрасен“.
„Еден ангел е испратен од небото да му помогне на очајно фрустрирани деловен човек покажувајќи му каков би бил животот доколку тој не постоел”, ова е заплетот на овој филм што доби „Златен глобус“ за најдобра режија. Френк Капра го режираше филмот, а главните улоги беа на Џејмс Стјуарт, Керолин Грајмс и Дона Рид.
Ова се десетте филмови кои добија најдобри рецензии на ИМДБ.
„Животот е прекрасен“ (1946)
„Умри машки“ (1988)
„Скруџ“ (1951)
„Сам дома“ (1990)
„Рудолф, ирвасот со црвен нос“ (1964)
„Најлудиот Божиќ“ (1989)
„Божиќна приказна“ (1983
„Чудо на 34. улица“ (1947)
„Џуџе“ (2003)
„Гремлин“ (1984)
Многумина ја користат интернет-страницата ИМБД кога сакаат да се информираат за одреден филм или за да наоѓаат нови филмови.