Утрински Весник
Свет

Силен земјотрес ја погоди источна Романија

Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди Тихиот Океан

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот округ Вранча во Романија, објави Националниот институт за геофизичко истражување и развој.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот се случил утринава во 1:47 часот по локално време, соопшти институтот.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 88 километри, на 83 километри источно од Брашов, односно 151 километар северно од Букурешт.

Од почетокот на декември во Романија се забележани 13 земјотреси со јачина меѓу два и 4,1 степени според Рихтеровата скала, а најсилниот земјотрес годинава во таа земја се случи на 3 ноември и беше со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала.

Можете да прочитате

Претседателот на Иран потенцираше дека секој напад врз врховниот лидер е објава на војна

Телефонски разговор Руте – Трамп

Прогласена вонредна состојба во Чиле