Утрински Весник
Спорт

„Бразилец сум, морам да навивам за Франција“

„Бразилец сум, морам да навивам за Франција“

Поранешниот бразилски голман Жулио Цезар изјави дека ќе навива за Франција против Аргентина во неделното финале на Светското првенство во Катар.

dobivaj vesti na viber

„Како Бразилец морам да навивам за Франција“, изјави 43.годишниот поранешен бразилски репрезентативец, кој дојде во Доха да учествува на натпреварот на легендите.

Фудбалерите на Франција и Аргентина во недела од 16.00 часот ќе го одиграат финалниот натпревар на Светското првенство во Катар.

Поранешниот голман на Интер додаде дека „убаво е да се гледа како игра“ аргентинскиот напаѓач Лионел Меси.

„Постои ривалство меѓу Бразил и Аргентина. Доколку Бразил беше во финалето, сигурно е дека Аргентинците ќе беа против нас. Сега нема да бидеме лицемерни“, истакна тој.

Цезар ја освои Копа Америка во 2004 година и играше на три светски првенства со Бразил (2006, 2010 и 2014 година).

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари