Утрински Весник
Спорт

Берлускони: Ако ги победите Милан или Јувентус, од мене имате полн автобус со проститутки

Берлускони: Ако ги победите Милан или Јувентус, од мене имате полн автобус со проститутки

Контроверзниот бизнисмен и поранешен италијански премиер Силвио Берлускони, кој стана познат како газда на Милан, а сега е сопственик на италијанскиот прволигаш Монца, на божиќната вечера на клубот им даде посебно ветување на играчите. Ако успеа да победат на натпревар против Милан или против Јувентус, ќе ги чека загарантирана забава и задоволство.

dobivaj vesti na viber

„Најдовме добар, пријателски настроен тренер кој може да ги мотивира нашите момчиња. Ако ги победите Милан или Јувентус, од мене ќе ве чека автобус полн со проститутки“, изјави Берлускони и добро ги насмеа сите.

По заминувањето на Џовани Стропа, тимот од септември го предводи италијанскиот тренер Рафаеле Паладино. Монца оваа сезона влезе во Серија А и по 15 кола се наоѓа на 14. позиција со 16 бода, што е девет повеќе од зоната за испаѓање во овој момент.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина