Утрински Весник
Македонија

Интегра против предложените измени на Законот за заштита на населението од заразни болести

Интегра против предложените измени на Законот за заштита на населението од заразни болести

Интегра – Македонска конзервативна партија најстрого реагира по повод предложените измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести.

dobivaj vesti na viber

„ Предложените измени во член 10 од предлог-законот се однесуваат на забараната за влез во објекти на лица кои не се имунизирани, кое во основа значи дека се ограничува правото на слобода на движење и со тоа се нарушува едно од основните човекови права. Согласно Уставот, истото е можно само во услови на прогласена воена и вонредна состојба. Оттука овој предложен член е спротивен на Уставот на Македонија.

Второ, ваквиот предлог во суштина значи дека вкацинацијата веќе се третира како задолжителна, што е во спротивност со повеќе законски решенија. ИНТЕГРА е строго против вакви режимски мерки и законски решенија со содржана принуда. Таквиот пристап му дава режимски белег на законскиот предлог и го ограничува највисокото човеково право на слобода на убедување и носење на лични и семејни одлуки за децата испод 18 години граница на полнолетност, како и правото на слобода на движење независно од здравствената состојба на индивидуата“ велат од Интегра.

Можете да прочитате

Средба Николоски – Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!

ВМРО-ДПМНЕ: СДС падна на четврто место во Брвеница, а Филипче слави дебакл, граѓаните знаат кој работи и носи резултати