Утрински Весник
Македонија

МОН: Почнува постапката за изработка на учебници за трето одделение за учебната 2023-2024 година

МОН: Почнува постапката за изработка на учебници за трето одделение за учебната 2023-2024 година
Img 5587

Продолжува процесот на изработка на нови учебници и наставни материјали за учениците од основното образование, кое се реформира согласно среднорочен акциски план на Министерството за образование и наука и другите надлежни институции и засегнати страни. Информираме дека е објавен повик за автори за поднесување предлог учебници за наставните предмети во трето одделение за учебната 2023-2024 година, за кои Бирото за развој на образованието веќе изготви нови наставни програми.

dobivaj vesti na viber

Повикот се објавува порано од досегашната вообичаена практика, за да се обезбеди сигурност дека постапка за одобрување на учебниците за трето одделение по македонски, албански, турски, српски и босански јазик, како и по математика, природни науки и општество, ќе заврши пред почетокот на учебната година следниот септември.

Img 5587

Право на учество на конкурсот имаат сите автори кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование. Притоа, на конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет и истиот треба да биде изработен според наставниот план и програма за соодветното одделение и согласно Концепцијата за учебник за основно и средно образование.

Крајниот рок за доставување на ракописите за учебници е 13.2.2023 година.

Повеќе детали околу сите дополнителни услови, критериуми, потребната документација и начинот на достава може да се обезбедат на следниот линк.

Реформирањето на националниот образовен систем во делот на основното образование останува врвен приоритет на Владата и на Министерството за образование и наука. Новите наставни програми и учебници треба да овозможат учење со разбирање, наместо фактографско меморирање податоци, како и да ја подигнат креативноста, иновативноста и критичкото размислување кај младите. Досега, нови наставни програми и учебници се изработени за прво, второ, четврто и петто одделение.

Ss1

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска од Пустец: Идеалите на Делчев за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа

Битиќи: Да се издигнеме над ривалствата и поделбите, да бидеме одлучни за европската иднина на Македонија

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката