Утрински Весник
Спорт

Мароко-Шпанија, Португалија-Швајцарија

Мароко-Шпанија, Португалија-Швајцарија

На Светското првенство во Катар, во текот на денот, ќе бидат формирани сите четвртфинални двојки. За место меѓу најдобрите осум ќе се борат Мароко и Шпанија, односно Португалија и Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Мароко се пласираше во нокаут фазата, откако на општо изненадување го освои првото место во Ф-групата. Мароканците одиграа 0:0 против Хрватска, а потоа ги победија Белгија (2:0) и Канада (2:1).

По убедливата победа против Костарика (7:0), Шпанија ремизираше со Германија (1:1) и загуби од Јапонија (1:2). Шпанците со четири бода го освоија второто место во Е-групата. .
Португалија ја мина групата Х со победите против Гана (3:2) и Уругвај (2:0) и поразот од Јужна Кореја (1:2). Како првопласирана репрезентација во својата група, за противник доби селекција од групата Г. Швајцарија, во групната фаза го совладаа Камерун (1:0), загуби од Бразил (0:1), а потоа ја победи Србија (3:2) во директниот дуел за место во нокаут фазата.

16:00 Мароко – Шпанија, Ал Рајан
20:00 Португалија – Швајцарија, Лусаил

Во четвртфиналето се пласираа: Аргентина и Холандија, Франција и Англија, односно Бразил и Хрватска.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026