Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски стои зад блокадите и хаосот во Скопје, дрско ги малтретира скопјани

СДСМ: Мицкоски стои зад блокадите и хаосот во Скопје, дрско ги малтретира скопјани

Христијан Мицкоски е тој кој стои зад блокадите на приватните превизници и хаосот што му е случува на Скопје. Мицкоски исто како и Ленин Јовановски пред локалните избори ја промовираа и поддржуваа Данела Арсовска и од граѓаните бараа поддршка за неа. Арсовска победата со трубачи ја славеше во Белиот дворец, рамо до рамо со Мицкоски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ. Кај ВМРО-ДПМНЕ е сета одговорност за прекин на блокадите, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Градското собрание, ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во сите Управни одбори на јавните градски претпријатија, вклучително и во Јавното сообраќајно претрпијатие. И наместо да преземат мерки за прекин на блокадите, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дрско ги малтретираат скопјани.

Втор ден, Градот е целосно парализиран, илјадници граѓани не можат навремено да стигнат до своите работни места, до здравствените установи, до училиштата и факултетите, а потешкотии во движењето имаат и возилата на Итната медицинска помош и противпожарната бригада. ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Арсовска се главните виновници што Скопје е блокиран град, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи