Утрински Весник
Магазин

Северина има нова песна

Северина има нова песна
300x250 (7)

По подолга пауза, хрватската пејачка Северина се враќа на сцената со нова песна Вјерујем у Бога, која авторски ја потпишаа Филип Милетиќ – продуцент, композитор и аранжер, и Дино Мерлин, автор на текстот.

dobivaj vesti na viber

Премиерата на песната е во четврток на 8 декември точно напладне.

Ss1

Дарко Дриновац го режира спотот кој ќе биде објавен на Јутјуб в четврток напладне, истовремено со објавувањето на песната на сите други дигитални платформи на Северина.

Како што пишува во најавата на песната, „приватниот живот на Северина, сакала или не, е изложен на јавноста, а содржи многу патење и тага, но и многу среќа. Таа преживеа објавување на приватни снимки и фотографии, одземање на детето, стотина судски тужби, една венчавка и развод.“

„Далматинка, кој помина низ сите сита и решета што Бог може да ги намисли за една жена, Северина покажа дека е успешна во преживувањето на бродоломи. Стопати кога ќе ја скршат и разделат на атоми. Тоа е жената за која Северина пее во песната Вјерујем у Бога, а со која всушност ја преиспитува својата вера и искрено и цинично се осврнува на своите грешки во животот“.

На промотивните фотографии, Северина може да се види како клечи и се моли на Бога во фустан што се носи преку глава, а во кој потсетува на калуѓерка.

„Еволуцијата на жена од Вирујен у те преку Здраво, Маријо до Вјерјем у Бога е еволуција на жена од наивна младост до зрелост што влегува во своите педесетти. Таков ќе биде албумот Sorry, кој треба да излезе на првиот ден на пролетта, 21 март 2023 година,“ објавија од издавачката куќа.

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август