Утрински Весник
Спорт

Мбапе: Не размислувам дали ќе бидам најдобар стрелец, мојата цел е да го освојам Мундијалот

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Светскиот првак Франција засега успешно ја брани титулата освоена на минатиот Мундијал. „Триколорите“ се пласираа во четвртфиналето каде ќе се сретнат со Англија откако релативно лесно ја минаа осминафиналната рунда со триумфот над Полска од 3:1. Херој на Франција беше Килијан Мбапе, кој постигна два гола и забележа асистенција до Оливие Жиру.

dobivaj vesti na viber

„Среќни сме што стигнавме до четврт-финалето, ова воопшто не беше лесен натпревар. Ние успеавме да дадеме голови во клучни моменти и затоа делуваше така лесно“, изјави Мбапе.

Тој потенцира дека е фокусиран единствено на трофејот и не го интересира титулата за најдобар стрелец на Мундијалот. Мбапе досега постигна пет гола на СП во Катар.

„Светското првенство е натпреварување од моите соништа, ја темпирав целата сезона за овој настан. Но, се уште сме далеку од целта што си ја поставивме. Ќе направиме се што е можно да ја одбраниме титулата. Не размислувам дали ќе бидам најдобар стрелец. Мојата единствена цел е да го освојам Светското првенство. Тоа е мојот единствен сон – дојдов овде да го освојам Мундијалот, а не титулата за најдобар стрелец“, истакна Килијан Мбапе.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност