Во Кинотека на Македонија, денес со почеток во 12 часот премиерно ќе биде прикажан документарно – играниот филм „Фениксот од Кавадарци“ реализиран со финансиска подршка на Филмскиот фонд.
Филмот е сниман на повеќе локации во Скопје и Кавадарци. Сценарист и режисер е Мишо Нетков, главен продуцент и монтажер Миле Петковски, актер-наротор Гоце Ристовски, костимограф Живко Трајчевски, аниматор Бојан Секуловски, камермани Кристијан Теодоров и Георге Трајковски.
Филмот говори за Васил Хаџиманов, фармацевт по диплома но музички образован, го владеел нотното писмо, свирел пијано и гитара и бил несекојдневен интерпертатор на изворни македонски народни песни. Благодарение на неговата дејност како собирач на народни песни зачуван е огромен фонд од македонското народно творештво со нотен и текстуален запис. Васил Хаџиманов бил и златоуст пеач кој уште на почетокот на минатиот век бил особено популарен на многу балкански радио станици изведувајќи македонски песни на македонски јазик.