Утрински Весник
Економија

Објавена листата на најскапите градови во светот

Објавена листата на најскапите градови во светот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Њујорк и Сингапур се рангирани како најскапи градови во светот, според годишното истражување на глобалните трошоци за живот на Economist Intelligence Unit (EIU).

dobivaj vesti na viber

Њујорк за првпат е на врвот на рангирањето, додека Сингапур е на првото место по осми пат во последните 10 години.

Израелскиот Тел Авив, кој во 2021 година беше прогласен за најскап град во светот, годинава е на третото место.

Освен Њујорк, на листата на десет најскапи градови се искачија и Лос Анџелес и Сан Франциско. Сите 22 американски градови опфатени со истражувањето се зголемија на рангирањето поради брзиот раст на цените и силниот долар. Шест од нив – Атланта, Шарлот, Индијанаполис, Сан Диего, Портланд и Бостон – беа меѓу 10-те градови кои покажаа најголеми скокови на скалата.

Најмногу напреднаа руските градови Москва и Санкт Петербург, кои скокнаа за 88, односно 70 места.

Повеќето европски градови паднаа на листата.

Сирискиот главен град Дамаск и либискиот Триполи остануваат најевтините градови.

Истражувањето оваа година беше спроведено од 16 август до 16 септември во 172 поголеми градови во светот.

 

Можете да прочитате

Од март 2026 повисоки плати за наставниците, еве за колку

Трендафилов: Срамота е да се фалите со покачување од 1.500 денари на минималецот

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари