Утрински Весник
Македонија

Ученици со атипичен развој од Битола го посетија претседателот Пендаровски

Ученици со атипичен развој од Битола го посетија претседателот Пендаровски

Ученици со атипичен развој од ООУ „Ѓорги Сугарев” – Битола денеска го посетија кабинетот на претседателот на државата. Посетата се случува пред утрешниот ден – 3 декември, Меѓународен ден на лицата со попреченост.

dobivaj vesti na viber

Учениците се сретнаа со претседателот Пендаровски и со неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска и ги споделија нивните желби, хобија, интереси и омилени активности во рамки на образовниот процес.

Во разговорот со специјалните едукатори и рехабилитатори, претседателот Пендаровски и г-ѓа Ѓоргиевска се запознаа со тековните проекти на Центарот за поддршка на учењето на децата со попреченост, што во рамки на битолското основно училиште, овозможува инклузивност, личен развој и индивидуална надградба на учениците.

Претседателот и неговата сопруга се заблагодарија за денешната посета на учениците, посакувајќи им да гo следат својот сон и постојано да се стремат кон остварување на своите цели.

Посетителите имаа можност да ги разгледаат и работните простории на претседателот Пендаровски, како и Мозаик салата во која е поставен диптихот „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“ на нашиот уметник академик Глигор Чемерски.

Отворен Кабинет е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, во рамки на кој, институцијата ја посетиле граѓани од различни возрасти, професии и занимања, студенти од земјава и од странство, како и ученици од основни и средни училишта.

Можете да прочитате

Во септември обвинение за полициските службеници осомничени за пожарот во „Пулс“, најавува Коцевски

АХВ воведе мерки за заштита од болеста чума кај малите преживари и за Косово

Јован и Лилјана се годинешните младенци, кои ќе прават Галичка свадба