Утрински Весник
Македонија

Петровска од Кремс: Евроинтеграциите се движечка сила за Западниот Балкан

Петровска од Кремс: Евроинтеграциите се движечка сила за Западниот Балкан

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска во Кремс учествуваше на министерскиот состанок на Централноевропската одбранбена соработка и земјите од Западен Балкан, на кој стана збор за европската перспектива на земјите од регионот, процес што е исклучително важен, особено во денешната безбедносна реалност на европскиот континент.

dobivaj vesti na viber

„Овие времиња на предизвици претставуваат и една уникатна можност за сите нас да ја засилиме безбедносната соработка и да го интензивираме меѓусебниот дијалог. Ова се времиња во кои мораме да бидеме посветени на брза и ефикасна евроинтеграција на целиот Западен Балкан“, рече министерката.

Регионот, потенцира министерката, припаѓа на Европа и на Европската Унија, а нашите земји, особено Северна Македонија, покажаа дека се посветени на европските принципи и вредности. Пристапниот процес мора да биде кредибилен зашто европската интеграција е најсилната мотивација за развој и е најдобрата идеја го поврзува регионот.

„Северна Македонија докажа дека активно придонесува кон развојот на стабилноста, добрососедските односи и регионалната соработка во Југоисточна Европа особено имајќи ја предвид нашата култура на дијалог и нашата способност за изнаоѓање решенија и за тешки билатерални прашања. Одлуките што ги донесовме беа тешки, но тие дадоа надеж за целиот регион и поставија пример за тоа како може да се најдат решенија и за најсензитивните прашања на Балканот“, рече Петровска.

Можете да прочитате

Спасовски со честитика за 55 години постоење на Хеликоптерската единица на МВР

Таравари итно хоспитализиран: Доживеав ненадеен колапс

Една година од убиството на малата Вања Ѓорчевска