Утрински Весник
Македонија

Работна средба на министерот Спасовски со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал

Работна средба на министерот Спасовски со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал

Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал.

dobivaj vesti na viber

Министерот Спасовски му упати честитки на амбасадорот Вал за именувањето на новата функција во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, посакувајќи му успех и заеднички реализирани проекти во време на неговиот мандат, потенцирајќи го високото ниво на партнерство и соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, чијашто реализација се одвива во рамки на трите воспоставени стратешки работни текови на: професионализација, демократско полициско работење и транснационални закани.

За време на средбата соговорниците разговараа и за постигнатите резултати изминатиов период пред сè yпотенцирајќи го фактот на зголемената доверба на граѓаните во полицијата и транспарентноста на Министерството.

Од страна на амбасадорот Вал беше искажана благодарност до министерот Спасовски за денешнава средба и беше дадено уверување и негова заложба и во иднина заеднички да продолжат со активностите во насока на градење позитивна перцепција на јавноста кон полицијата.

Можете да прочитате

СДСМ: Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и привезок на Мицкоски

Мицкоски: Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со соседите и ЕУ

Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадено јагне и/или јаре