Утрински Весник
Свет

Фон дер Лаен: „ЕУ планира да формира суд за руски воени злосторства, Русите мора да платат“

Фон дер Лаен: „ЕУ планира да формира суд за руски воени злосторства, Русите мора да платат“

Европската Унија ќе се обиде, со поддршка на ОН, да формира суд посветен на истрагата и судењата на руските воени злосторства извршени во војната во Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

dobivaj vesti na viber

„Руската инвазија на Украина донесе смрт, уништување и незамисливо страдање. Сите се сеќаваме на ужасите од Буча. Се проценува дека во војната досега се убиени повеќе од 20.000 цивили и повеќе од 100.000 припадници на украинската армија“, рече Фон дер Лаен.

„Русија мора да плати за своите ужасни злосторства, вклучувајќи го и злосторството за агресија врз суверена држава. Поради оваа причина, иако сè уште го поддржуваме формирањето на меѓународен суд, предлагаме формирање на специјален суд со поддршка на ОН, кој ќе ги истражува и казни руските злосторства на агресија“, додаде таа. „Подготвени сме да работиме со меѓународната заедница за да собереме што поголема меѓународна поддршка за формирање на тој специјален суд. Русија мора да плати и финансиски за уништувањето што го предизвика. Се проценува дека Украина претрпе штета од околу 600 милијарди евра, Русија и нејзините олигарси мора да и надоместат на Украина за штетите и трошоците за обновата на земјата“, рече шефот на ЕК во видео-обраќање, пренесе Index.hr.

„Страшните злосторства на Русија не смеат да останат неказнети“, рече Фон дер Лаен.

Русија негира дека убила цивили и извршила воени злосторства. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека само за време на окупацијата на Херсон биле извршени повеќе од 400 воени злосторства.

Можете да прочитате

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани

НАТО: Поддршката за Украина продолжува