Утрински Весник
Спорт

Има 88 години, ова е негово 17. последовно СП

Има 88 години, ова е негово 17. последовно СП

Енрике Макаја Маркез е човекот кој испиша историја на Мундијалот во Катар – ова му е 17. последовно Светско првенство. Маркез е легенда на аргентинското и светското новинарство, неодамна тој го прослави 88. роденден додека го коментираше првиот натпревар на гаучосите на Светското првенство.

dobivaj vesti na viber

Првото Светско првенство го покриваше во 1958 година, кога на 23. годишна возраст патувал од Аргентина до Шведска – прво со авион кој застануваше неколку пати за да наполни гориво, потоа со воз и автобус и на крајот со брод стигнал во Шведска.

„Ви треба знаење, но исто така треба да знаете како да го пренесете тоа знаење. Мора да се справите со технологијата, но и да ја знаете играта и правилно да ја интерпретирате. Не е лесно, мора постојано да учиш и да разговараш со другите“, го објаснува својот рецепт Маркез.

Израснал во истото соседство со легендарниот Алфредо ди Стефано, на 15 години почнал да работи на радио, еднаш заменил болен колега, се останато е останатото историја.

Иако неговото прво Светско првенство беше неуспешно за Аргентина, тој присуствуваше на двете титули на Светските првенства на Гаучосите (1978 и 1986 година), следејќи ја во целост кариерата на Диего Армандо Марадона. Имал можност да види многу големи репрезентации, вклучувајќи ја легендарната Бразилска селекција која ја освои титулата во 1970 година.

Негов омилен тим сепак е Холандија од 1974 година.

„Толку добро ја движеа топката, ми се допадна колку беа технички способни, постојано движење, кондиција. Тие беа вистински претставник на тоталниот фудбал“.

Како радио и телевизиски коментатор, пишуваше и колумни за угледни аргентински весници и секогаш истакнува дека „фудбалот за него е поголема страст од новинарството“.

Можете да прочитате

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот кон нови европски успеси

Неверојатно полуфинале во Париз – ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови