Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Стани Таче не се криј позади Цаци, наместо стендап комичар биди маж и прифати избори

ВМРО-ДПМНЕ: Дали компанија од соларниот картел на Ковачевски со државна помош гради фабрика за панели кои потоа ќе ги продава на ФЕЦ Осломеј

Македонија доби наместо премиер, стендап комичар и дезертер, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Неговите гафови и шеги кои никој не ги разбира говорат, како што додаваат од ВМРО-ДПМНЕ за ниското ниво на капацитет на Ковачевски да се носи и да ги решава проблемите на граѓаните.

„Заслугите на овој стендап комичар се Македонија на врвот по мизерија и инфлација, на дното по борба против криминалот и корупцијата. Велат Ковачевски не се потпишал само на хартијата која не му била ставена на биро, и затоа тој е најдобриот бугарски ас во македонската политика.
Димитар Ковачевски е на мака кој повеќе да го слуша, лидерот во сенка Заев во Струмица, или Али Ахмети од Зајас. Неговото безпоговорно следење државата ја втурна во амбис и проблеми“, се наведува во реакцијата од опозициската партија.

„Затоа стани Таче не се криј позади Цаци, наместо стендап комичар биди маж и прифати избори, зошто секој ден е се полошо со СДС“, пишуваат на социјалнит мрежи од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот