Утрински Весник
Свет

Зеленски: Русија планира нешто на југ, но ние се држиме

Зеленски: Русија планира нешто на југ, но ние се држиме
300x250 (7)

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, доцна синоќа на „Телеграм“ напиша дека руските сили „планираат нешто на југ“.

dobivaj vesti na viber

„ И покрај екстремно големите руски загуби, окупаторите се уште се обидуваат да напредуваат во регионот на Доњецк, да се зацврстат во Луганск, да се преселат во Харков, тие планираат нешто на југ“, рече тој, пренесе „Гардијан“.

Ss1

„Но, ние се држиме и – што е најважно – не му дозволуваме на непријателот да ги исполни своите намери“, додаде тој.

Олександр Старук, шеф на регионалната воена управа на регионот Запорожје, рано утринава на „Телеграм“ изјави дека руските напади во текот на ноќта во областа погодиле локација за дистрибуција на гас, предизвикувајќи пожар кој во меѓувреме е изгаснат. Нема повредени или жртви, пренесува „Гардијан“.

Старух изјави дека оштетувањето на локацијата е резултат на ракетен напад, „веројатно С-300“.

По повлекувањето на Русија од Херсон, фокусот повторно падна на полуостровот Крим, анектиран од Русија во 2014 година. Украинскиот министер за одбрана Володимир Гаврилов неодамна изјави за Sky News дека е „можно“ нивните војници да го вратат Крим до крајот на декември и дека сеопфатна војна со Русија би можела да биде завршена до пролет.

Ss1

Можете да прочитате

Америка ќе плати 138 милиони долари на гимнастичарките жртви на сексуално насилство

Бебе спасено од стомакот на мртвата мајка во Газа не е само, доби и име

ОН повикаа на истрага за масовните гробници во две болници во Газа