Утрински Весник
Магазин

(Видео) Хју Грант откри која сцена од „Всушност, љубов“ не сакал да ја снимa

(Видео) Хју Грант откри која сцена од „Всушност, љубов“ не сакал да ја снимa

Танцувањето на Хју Грант во божиќниот класик „Всушност, љубов„ (Love Actually) е еден од најомилените моменти во филмот – но самиот актер не бил воодушевен.

dobivaj vesti na viber

Тој го открива ова во текот на специјална емисија на Еј-би-си, во која актерскиот тим повторно се обедини за да ја одбележи 20-годишнината на омилената романтична комедија.

„Пипл“ има ексклузивен клип од претстојната специјална програма на Еј-би-си, „Смеата и тајните на Love Actually: 20 години потоа“, со водителката Дајан Соер. Во клипот Грант признава дека ја мразел сцената со танцот на премиерот.

Култниот танц на премиерот Дејвид, кој го глуми Грант, всушност е сцената што актерот првично одбивал да ја снима, иако таа е најомилена кај фановите.

„Кога прочитав во сценариото, си помислив: мразам да го правам ова. Не сакав да ја снимаме таа сцена, а камоли да ја вежбам,“ откри актерот.

Режисерот на филмот, Ричард Картис, се присети како Грант постојано одбивал да ја сними сцената: „Се надеваше дека ќе ја избришам од крајната верзија“. Кертис откри дека Грант бил мрзлив целиот ден на снимањето, но морал да ја одработи поради обврската од договорот што го потпишал.

„Договорна гилотина, да. И јас сум надвор од ритамот, особено на почетокот кога мавтам со задникот“, се пошегува актерот додавајќи дека негова била идејата секретарката да го фати премиерот како танцува.

Во сцената, Грант, кој глуми британски премиер, танцува во својата резиденција на „Даунинг стрит 10“ на песната Jump на „Поинтер систерс“.

Можете да прочитате

Една порција – само 16 калории, а го намалуваат ризикот од рак и срцеви заболувања

Минералните креми за сончање се најдобрата опција за чувствителна кожа

Маслиновото масло би можело да помогне во борбата против деменцијата, покажа  нова студија