Утрински Весник
Свет

Странски државјани паднале во провалија во Црна Гора

Странски државјани паднале во провалија во Црна Гора

По неколкучасовна акција, лицата кои денеска паднаа во провалија во областа „Друма“ во Црна Гора се извлечени и предадени на итната помош на понатамошно лекување.

dobivaj vesti na viber

Двајца странски државјани паднале во провалија во месноста „Друма“ во општина Тузи, а акцијата за спасување започнала нешто по 15 часот, јавува РТЦГ.

Како што информираа од Црногорската Служба за заштита и спасување, едно лице се здобило со тешки телесни повреди, отворена скршеница на ногата, додека другото не е повредено.

Можете да прочитате

Oбвинувањата на Трамп за мешање во изборите за официјален Пекинг се „чисти измислици“

Енди Барнам денеска и официјално избран за нов лидер на британската Лабуристичка партија

Иран за првпат ја нападна Сирија, сообраќајот низ Хормуз е запрен