Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Сеул почнаа да сообраќаат автобуси без возачи

(Видео) Во Сеул почнаа да сообраќаат автобуси без возачи
Ss2

Автобуси без возачи произведени од компанијата „Hyundai“ почнаа да се користат на патиштата во Сеул, главниот град на Јужна Кореја.

dobivaj vesti na viber

Според локалните медиуми, автобусите без возачи, почнаа да функционираат во областа Јонгно-гу.

300x250 (7)

Автобусите се движат помеѓу трговскиот центар Севун и плажата Чеонџе на растојание од околу три километри.

Автобусите без возачи можат да возат во одредена насока благодарение на камерите и ласерските зраци. Граѓаните можат да ги користат бесплатно по резервирање на место.

Новото возило, како што пишуваат медиумите, не личи на обичен автобус.

„Целосно е симетрично, со заоблени краеви и големи прозорци кои го прават да изгледа повеќе како играчка отколку како најсовремена форма на транспорт. Овој вид дизајн е намерен“, рече Јеонг Сеонг-Џун, шеф на проектот за автономно возење во стартапот 42 Dot, кој сега е во сопственост на јужнокорејскиот „Hyundai“.

Тоа е иднината“, изјави тој за АФП, додавајќи дека таков автобус бара „нов вид на извонреден дизајн“.

„Автобусот малку личи на „Лего“ бидејќи е направен од композитни делови за да ги намали трошоците и да го олесни реплицирањето“, објаснува Јеонг.

Според него, целта на компанијата била во иднина технологијата да биде евтина, безбедна и лесно пренослива на многу видови возила, на пример возила за испорака.

Засега, пак, со надзор на возачот, автобусот сам ќе вози по новата кружна рута долга 3,4 километри во центарот на Сеул, која ќе трае приближно 20 минути.

Патниците можат да влезат на една од двете назначени постојки, откако ќе резервираат бесплатно место преку апликацијата. Автобусот користи камера и ласер наместо скапи сензори за навигација, додаде Јеонг.

На денот на воведувањето на новата автобуска линија, многумина минувачи изгледаа заинтригирани од дизајнот на автобусот. Застанаа да го фотографираат и да ѕирнат внатре.

„Се чувствувам како да сум скокнал во временска машина возејќи во иднината“, коментираше еден 68-жител по возењето.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден тајно и го испрати на Украина најмоќното оружје досега, тие веќе жестоко ги нападнаа Русите

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина